Денес во 12 часот на малата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе се изведе монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, а во изведба, режија и продукција на Ѓорѓи Јолевски.
Претставата е копродукциски проект помеѓу МНТ и „Перипетија продукција“ од Скопје. Продуцент е Ѓорѓи Јолевски, а извршен продуцент е Никола Кимовски.
Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографското решение, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска-Угуровска.