Стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“ ги претстави ликовите од новата верзија на ТВ-серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl), која се снима осум години откако заврши оригиналот.
Новите ликови се претставени на Инстрагам со по еден збор кој го прикажува нивниот карактер, како Влијание, Моќ, Стил, Слобода и Амбиција.
Новите десет епизоди ќе излезат во текот на годинава, а креаторите на оригиналот Џошуа Сафран и Стефани Севиџ се враќаат како извршни продуценти. Сѐ уште не е познато дали некоја од ѕвездите од првата постава, како Блејк Лајвли и Ченс Крофорд, ќе се појават и во новата верзија, иако тие најавија дека би сакале да играат.