Студентите од студентската организација „Магнум Опус“ при АУЕ ФОН Универзитет ги израдуваа дечињата од центарот за деца со аутизам „Во мојот свет” со новогодишни подароци. Тие им подарија и таблети на близначиња кои два месеца не биле во можност да ја следат наставата.

Претходно беше организирана онлајн изложба со линк за донации и секој донираше во рамките на своите можности.

„Разбираме дека пандемијата влијаеше на финансиите на многу граѓани. Би сакала да им искажам огромна благодарност на сите кои донираа. Ги повикувам и другите организации и приватни компании да бидат несебични и општествено одговорни во новата година“, вели Катерина Селамовска, претседателка на „Магнум Опус“.