Ако не сакате да се засрамите кога на вашите пријатели хипстери ќе им однесете новогодишни и божиќни подароци, потрудете се да ги спакувате во хартија со боја на лешник или со тонови од оваа боја, бидејќи таа сега е во тренд.
Ова е препорака ако го следите трендовскиот водич од Германската асоцијација на производители на хартија, со седиште во Бон.
Но, не грижете се ако не можете да си замислите да имате Нова година и Божик во кафеави тонови. Потрадиционалните нежни розе бои, исто така, се „ин“ оваа сезона, комбинирани со нијанса на бронза и бакар.
Според Асоцијацијата, со години во мода беа полноќносината и зелената боја. Но, Нова година и Божик не би бил тоа што се без безвременската сребрена, златна и црвена боја на подароци под новогодишната елка. Истото се однесува и на декорациите за елката.