И покрај тешкиот почеток на годината, „голф“ го задржа статусот на најомилен автомобил меѓу европските купувачи.
Со повеќе од 312.000 испорачани примероци низ Европа, од кои 134.000 во Германија, последната, осма генерација на „голф“ продолжува таму каде што застана „седумката“. „Фолксваген“ го претстави „голф 8“ во октомври 2019, па 2020 беше негова прва полна година.
„Со ‘голф 8‘ ја продолжуваме успешната приказна на претходните генерации. Автомобилот продолжува да поставува технички стандарди во многу димензии“, изјави извршниот директор на компанијата Ралф Брандштетер.
Во текот на годината, „Фолксваген“ ги претстави и ГТИ, ГТД и ГТЕ верзиите, што исто така ја помогна продажбата, а важен фактор беше и зголемената побарувачка по хибридни модели. Секој трет продаден „голф“ во 2020 бил хибрид.