МУЗЕЈОТ СМИТСОНИЈАН СОБИРА ПРЕДМЕТИ ОД УПАДОТ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС

Вашингтон, (Артдејли)

Националниот музеј за американска историја Смитсонијан собира транспаренти, постери и знаци што ги носеа демонстрантите при упадот во зградата на Конгресот во Вашингтон во средата. Предметите од четвртокот ги собираат кураторите од Одделот за политичка и воена историја.

„Спречете ја кражбата“, „Трамп победи“ се дел од рачно напишаните постери што ги носеа приврзаниците на актуелниот претседател на САД при упадот, а кои ќе бидат дел од колекцијата.

„Како институција, ние сме обврзани да разбереме како Американците ги прават промените. Собраните предмети ќе им помогнат на идните генерации да се сетат и да ги разберат 6 јануари и последиците од него“, вели директорката на музејот, Антеа М. Хартиг.