САМАНТА ЌЕ БИДЕ ИНСПИРАЦИЈА ЗА ДРУГИТЕ ЛИКОВИ ВО НОВАТА СЕРИЈА, ВЕЛИ АВТОРКАТА НА „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ КЕНДИС БУШНЕЛ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Авторката на книгата „Сексот и градот“, Кендис Бушнел, ги уверува обожавателите дека новата серија која е најавена ќе функционира одлично и без една од ѕвездите, Ким Катрал.

„Ејч-Би-О“ неодамна објави дека хит серијата, која се емитуваше од 1998 до 2004, ќе биде обновена како минисерија со 10 епизоди, во која ќе се обединат Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, но не и Катрал.

Фановите коментираа дека без ликот на Саманта серијата ќе го изгуби духот, но Бушнел ги уверува дека реакциите се неосновани.

„Јас мислам дека тоа е во ред. Ким е возрасна жена. Има 64 години и донесе одлука, за која сум сигурна дека нашла 10 добри причини и ја почитувам поради тоа. Исто мислам дека новата серија ќе биде интересна. Ликот на Саманта секогаш ќе биде инспирација за останатите ликови и ќе им даде можност да ја истражуваат својата сексуалност“, рече писателката.