Челзи му врачи отказ на тренерот Френк Лампард и се очекува да го замени со бившиот тренер на Мајнц и ПСЖ, Томас Тухел. Лампард заминува од екипата во моментите кога таа се наоѓа на деветтото место во Премиерлигата, како последица на петте порази на изминатите осум натпревари.
Ова е вторпат Челзи да ја брка својата легенда, откако тој како играч се пресели во Њујорк во 2014 година, но прво одигра една сезона за Манчестер сити. Лампард се врати во клубот како тренер во јули 2019 и во првата сезона го одведе до четвртото место во првенството и до финалето на ФА купот.
„Ова беше тешка одлука. Никогаш не е добро време да се разделите од клупска легенда како Френк, но заклучивме дека промена е потребна“, соопшти Челзи.