КРАЈНО РЕДОК БЕЛ КЕНГУР СЕ РОДИ ВО ЖИВОТИНСКИ ПАРК ВО ЊУЈОРК

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Животински парк во Њујорк доби нов жител чија екстремно ретка состојба ги остави вработените зачудени.

Космо е бебе црвен кенгур родено со леукизам, што неговото тело го прави целосно бело. Леукизам е ретка состојба која предизвикува делумно губење на пигментацијата на кожата и крзното, но за разлика од албинизмот, не ги погодува и очите.

Космо е роден пред пет месеци, но вработените во паркот дури пред некој ден за првпат го одделиле од мајката. Кенгурите се раѓаат многу мали, со големина на човечки палец, па во првите месеци растат во торбата на стомакот на мајката.

„Ова е единствениот ваков кенгур во Северна Америка во моментов, ете толку е редок“, изјави сопственикот на паркот Џордан Печ.