„ТОЈОТА“ ПО ПЕТ ГОДИНИ ГО НАДМИНА „ФОЛКСВАГЕН“ КАКО НАЈГОЛЕМА АВТОКОМПАНИЈА НА СВЕТОТ

Токио, (ДПА)

„Тојота“ повторно го презеде статусот на најголем автопроизводител на светот, откако во 2020 продала 9,5 милиони возила, што, сепак, претставува пад од 11,3% во однос на претходната година.

Јапонската компанија по пет години го симна од врвот „Фолксваген“, кој лани испорачал 9,3 милиони автомобили, 15,2% помалку во споредба со 2019. Во негова сопственост се и брендовите „Шкода“, „Ауди“ и „Порше“.

„Тојота“ стана светски број еден во 2013, кога го надмина „Џенерал моторс“ во продажбите, за две години подоцна „Фолксваген“ да ја симне од врвот.

„Тојота“ засега ги нема објавено финансиските резултати за целата 2020, додека „Фолксваген“ неодамна соопшти дека ја завршил годината со приход од 12 милијарди долари.