АМЕРИКАНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР ГИЛ ДЕЗЕР ЧУВА 11 АВТОМОБИЛИ ВО ЗГРАДА ВРЕДНА 480 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

САД, (Си-Ен-Ен)

Милијардерот Гил Дезер (48) има убав поглед од неговиот четирикатен стан на врвот на неговата 60-катна станбена кула во Мајами. Но, тој повеќе го сака погледот од големите внатрешни прозорци на неговите 11 омилени автомобили отколку на плажата.

„Од мојата дневна соба можам да видам два автомобила, од кујната можам да видам уште два и седум од мојот подрум. За мене, тоа е како колекционер на дела од Да Винчи. Тој не ги става во складиште, туку на ѕидови“, вели Дезер.

Дезер рече дека неговата „Мона Лиза“ е еден од неговите три егзотични суперавтомобили, мислејќи на „мекларен спидтеил“. Модели на „Порше“ и „Бугати“ се дел од неговите три омилени автомобили.

Тоа е нешто сосема различно од функционалните простории што таткото на Дезер, Мајкл, ги користел за да ги смести своите автомобили кога ја основал империјата на недвижности. Приоритет за Мајкл, син на возач на автобус од Тел Авив кој се преселил во САД на 21 година, едноставно бил да најде место за сите нив.

„Татко ми имаше 85 автомобили кога јас бев петто одделение и купи стар автосалон за да има каде да ги остави“, рече Гил Дезер.

Семејството на крајот купило напуштен трговски центар во Орландо, каде што Мајкл Дезер сега чува повеќе од 1.800 автомобили вредни околу 200 милиони долари. Гил Дезер има колекција од „само“ 32 автомобили, поделена помеѓу неговиот дом во Хемптонс и станот во Мајами. Неговата зграда, која беше завршена во 2017 година, вреди 480 милиони долари.