АРОНОФСКИ И ЛЕТО ЌЕ СЕ СПОЈАТ ВО ХОРОР 20 ГОДИНИ ПО „РЕКВИЕМ ЗА ЕДЕН СОН“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Дваесет години откако ги лансираа кариерите со „Реквием за еден сон“, Џаред Лето и Дарен Аронофски најдоа проект на кој пак ќе соработуваат. „Дедлајн“ објави дека еден од големите проекти за 2021 е хоророт„Adrift“, во режија на Аронофски и со Лето во главната улога.

Филмот се базира на кратка приказна од Коџи Сузуки, авторот на „Прстен“, а сценариото ќе го пишуваат Аронофски и Лук Досон.

Дејството се случува на отворено море, каде што рибари откриваат напуштена јахта со чуден повик за помош. Еден од нив се согласува самостојно да управува со јахтата додека ја влечат кон пристаништето, но наскоро открива зошто останатите поискусни рибари ја нарекуваат брод на духови.