Компанијата „Лего“ ги претстави новите сетови за возрасни со кои можат да се направат цветни букети или бонсаи дрвца од биопластични коцки.
„Ботаничката колекција“ на данскиот бренд се состои од два комплета: „Букет цвеќе“ содржи коцки со кои можат да се склопат разни видови цвеќиња и зеленило, додека со „Бонсаи“ може да се направи модел на минијатурно дрво, со опција и да цвета. Од комплетите можат да се направат и засебни рози и лалиња.
Од компанијата велат дека ја лансирале новата колекција бидејќи возрасните сѐ повеќе време поминуваат дома поради пандемијата на ковид-19.
„Возрасните бараат нови начини за разонода и релаксација, па затоа им ја дадовме оваа можност да се ‘исклучат’ после напорен ден и да се внесат во овие ботанички градини“, изјави дизајнерот Андерсон Вард Груб.