Во симпатична посвета на омилениот светски документарист и природонаучник Дејвид Атенборо, данската компанија „Лего“ ја укина возрасната граница за играње со нејзините коцки.
На кутиите на „Лего“ е напишано дека коцките се наменети за лица од четири до 99 години, што долго време беше предмет на шеги. Во чест на 100. роденден на Атенборо, што го прослави на 8 мај, „Лего“ на Инстаграм објави ново упатство, 4-100+ години.
„Среќен 100. роденден сер Дејвид Атенборо. Нема возрасна граница за оние кои никогаш не престануваат да се играат“, објави „Лего“.
Иако „Лего“ официјално не потврди никаква вистинска промена на пакувањата на своите производи, овој симболичен гест се чини како соодветно оддавање почит.