МЕРИЛИН МЕНСОН СО ГОДИНИ УЖАСНО МЕ ЗЛОСТАВУВАШЕ, ОТКРИ АКТЕРКАТА ЕВАН РЕЈЧЕЛ ВУД

Лос Анџелес, (АП)

Рокерот Мерилин Менсон е отпуштен од неговата издавачка куќа ден откако актерката Еван Рејчел Вуд го обвини за сексуално и друго физичко злоставување. Менсон ги опиша обвинувањата како „ужасно извртување на реалноста“.

Вуд, ѕвезда на серијата „Западен свет“, во минатото често зборуваше дека била злоставувана во врска, но никогаш не кажа од кого.

„Името на мојот злоставувач е Брајан Ворнер, кој на светот му е познат како Мерилин Менсон. Тој почна да ми се пушта уште додека без тинејџерка и потоа со години ужасно ме злоставуваше. Ме потчини и ми го испра мозокот, манипулирајќи со мене. Тука сум да разоткријам опасен човек пред да уништи други животи“, напиша Вуд вчера на Инстаграм.

Врската на Вуд и Менсон стана јавна во 2007, кога таа имаше 19, а тој 38 години. Тие кратко беа свршени во 2010, по што раскинаа.

По Вуд, уште четири други жени излегоа со слични обвинувања против Менсон, додека издавачката куќа „Лома виста“ објави дека ќе престане со промоцијата на неговиот нов албум и веќе нема да соработуваат во иднина.