ХАЈНЕКЕН 0.0 БЕЗАЛКОХОЛНО ПИВО – НОВ ПИВСКИ БРЕНД НА ПИВАРА СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хајнекен 0.0 е освежително безалкохолно лагер пиво и најнов пивски бренд во палетата на Пивара Скопје. Од компанијата велат дека љубителите на добро познатиот и уникатен вкус на Хајнекен сега имаат уште една причина за задоволство, бидејќи пристигна Хајнекен 0.0, пиво со нула алкохол и 100% препознатлив вкус на Хајнекен.

Хајнекен 0.0 порачува #СегаМожеш, нудејќи им на љубителите на пивото дополнителна опција за уживање без алкохол. Збогатувањето на своето портфолио на пива, Пивара Скопје го прави во вистински момент, препознавајќи ја потребата за развој на категоријата безалкохолни пива на македонскиот пазар и потребата на потрошувачите за ново и свежо искуство.

„Хајнекен 0.0 доаѓа во вистинско време. Нашата цел е со Хајнекен 0.0 да понудиме поинакво уживање, ослободено од ограничувањата кои консумацијата на алкохол може да ги нaметне, а сепак да уживаме во вистински вкус на пиво со премиум квалитет. Со проширувањето на портфолиото токму во сегментот на премиум безалкохолни пива, го поттикнуваме развојот на оваа категорија која кај нас е во зародиш и воедно продолжуваме да ја промовираме одговорната консумација. Нашата стратегија за успешно позиционирање на Хајнекен 0.0 на пазарот се темели пред сè на градење свесност и препознатливост на брендот и создавање нови прилики за консумација секаде каде што има потенцијал, затоа што Хајнекен 0.0 отвора сосема нов свет на можности за различни категории потрошувачи‘’, изјави Слободан Видиќ, Комерцијалeн директор на Пивара Скопје.

Хајнекен 0.0 има перфектно балансиран вкус добиен од 100% природни состојки и уникатна рецептура направена од пивските мајстори, како резултат на нивно долгогодишно истражување. Содржи само 21 калории на 100 милилитри, што значи една лименка безалкохолен Хајнекен од 0.33л. има само 69 калории.

Голем дел од потрошувачите денеска и утре ќе имаат можност да го пробаат Хајнекен 0.0 на неколкуте „Дестинација 0.0’’ промотивни локации низ Скопје, кои неколку дена ја држеа јавноста во неизвесност. На социјалните мрежи и онлајн медиумите се зборуваше, пишуваше и погодуваше за што станува збор, за конечно денеска сите оние кои ја следеа „Дестинација 0.0“ на Гугл да дојдат на некои од локациите и се уверат во одличниот вкус на безалкохолниот Хајнекен 0.0.

Хајнекен 0.0 веќе е достапен и низ продажната мрежа, па сите љубители на пивото сега можат да уживаат во неговиот вкус, кога сакаат и каде сакаат.