„ХАЈНЕКЕН“ ЌЕ ВЛОЖИ 45 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ОТВОРАЊЕ И ОБНОВА НА ПАБОВИ ВО БРИТАНИЈА

Лондон, (Би-Би-Си)

Гигантот за производство на пиво „Хајнекен“ повторно ќе отвори 62 пабови во Велика Британија кои беа затворени во последните години и ќе инвестира 45 милиони евра во обнова на стотици локации.

Меѓу 2021 и 2023 се затвораа по 500 пабови годишно, според Британската асоцијација за пиво и пабови. Ланецот на „Хајнекен“, „Стар пабс енд барс“, моментално има 2.400 пабови и планира да реновира повеќе од 600.

За време на ковид пандемијата пабовите беа принудени да затворат за да се спречи ширењето на вирусот. Кога им беше дозволено повторно да работат, тие се соочија со голем број ограничувања, како услуга на маса, ограничувања на бројот на гости и полициски час во 22 часот.

Според Канцеларијата за национална статистика, просечната цена на половина литар пиво достигна 4,71 фунти (5.4 евра) во март, во споредба со 3,76 фунти (4.3 евра) во февруари 2020. Во меѓувреме, бројот на пабови во Британија падна од 47.200 во 2019 на 45.350 во 2023.

(Фото: Гети)