Серена Вилијамс во солзи ја напушти прес-конференцијата по поразот од Наоми Осака во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и уште една пропуштена шанса да го израмни рекордот на освоени 24 гренд слем титули.
Легендарната 39-годишна Американка ѝ испрати долг поздрав на публиката во Мелбурн откако изгуби со 6:3, 6:4, што покрена прашања за нејзината играчка иднина.
„Не знам. Ако некогаш решам да се збогувам, нема никому да кажам“, изјави Вилијамс.
Таа им се заблагодари на фановите и преку Инстаграм набргу по завршувањето на мечот.
„Би сакала да бев подобра денеска поради вас. Засекогаш сум должна и благодарна на секој од вас“.
Вилијамс го брка рекордот на Маргарет Корт уште откако се врати на терените по породувањето во 2018 година. Оттогаш, четири пати играше гренд слем финале и секој пат губеше. Корт освои 13 од своите 24 гренд слем титули пред тенисот да стане професионален.