Помина кратко време од смртта на Хју Хефнер, а Холивуд веќе има подготвено филм за неговиот живот.
Веќе е објавено дека улогата на основачот и долгогодишен уредник на „Плејбој“ ќе ја добие оскаровецот Џеред Лито, додека режисер ќе биде Брет Ратнер.
„Џеред ми е стар пријател. Кога слушнал дека сум ги добил правата за приказната за Хју, веднаш ми кажа ‘сакам да го играм, сакам да го разберам‘. Навистина верувам дека Џеред е вистински избор за улогата. Тој е еден од најдобрите актери на денешнината“, изјави Ратнер.
Проектот е се уште во рана фаза, иако ваков филм е во план уште од 2007 година и во прв момент Роберт Дауни Џуниор требало да го глуми Хју Хефнер. Ратнер ги презел правата за филмот по смртта на продуцентот Џери Винтрауб во 2015 година.
„Не успеав да ги запознам Лето и Хју, зашто тој веќе беше доста болен. Но, постојат доволно снимки од него, па Џеред ќе може да добие доволно информации“, вели Ратнер.