„ПМЏЏЕЗ“ СО КОНЦЕРТНИ ПРОМОЦИИ НА НОВИТЕ АЛБУМИ НА ЈОРДАН КОСТОВ, ДИНО ИМЕРИ И ФИЛИП БУКРШЛИЕВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дискографската куќа „ПМЏЏЕЗ“ ќе промовира три свои нови изданија преку концертни настапи, што претстојните три петоци ќе се одржат во Младински културен центар во Скопје.

Come Back“ е новиот, четврти албум на квинтетот на Јордан Костов, што ќе може да се слушне во живо овој петок во кино Фросина (20 часот). Костов е еден од најплодните современи македонски џез музичари, а неговата група ја дополнуваат Андреа Мирческа (контрабас), Филип Букршлиев (гитара), Дамјан Грујо (перкусии) и Драган Теодосиев (тапани). Поради актуелните околности, бројот на посетители ќе биде ограничен на 70.

На 5 март, концерт ќе има пијанистот Дино Имери, кој неодамна го издаде соло албумот „Рефлексии“, а седум дена подоцна е промоцијата на деби албумот на триото на Филип Букршлиев, во кое членуваат и Андреа Мирческа и Славчо Коцев.