ЕВЕРТОН ЌЕ ГРАДИ НОВ СТАДИОН ЗА 500 МИЛИОНИ ФУНТИ

Ливерпул,, (Би-Би-Си)

Градските власти на Ливерпул едногласно ја одобрија изградбата на новиот стадион на Евертон, кој ќе има над 52.000 седишта и ќе чини 500 милиони фунти.

Клубот кажа дека стадионот „Бремли-Мур Док“ ќе биде првокласен додаток на историското градско пристаниште, кое се наоѓа под заштита на УНЕСКО и се надева дека во 2024 година ќе почне тука да игра натпревари. Евертон игра на „Гудисон парк“ од 1892 и 25 години беше во потрага по нов дом.

„Ова ќе биде најинклузивниот и најодржлив стадион во Велика Британија, кој ќе го зачува наследството на областа“, изјави извршната шефица на клубот Дениз Барет-Баксендејл.

Според планот, стадионот ќе има капацитет од 52.888 седишта и во него ќе можат да се одржуваат и концерти, венчавки, погреби, божиќни забави и конференции.