„ПРИЈАТЕЛИ“ ЌЕ СЕ СНИМА ВО АПРИЛ НА ОТВОРЕНО ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Њујорк, (Скај)

По неколкуте одложувања на снимањето на повратничката епизода на „Пријатели“, еден од актерите Дејвид Швимер откри дека тоа ќе почне најрано во април. Специјалната епизода требаше да се емитува уште на 20 мај 2020 на „Ејч-Би-О макс“.

Последната епизода на една од најпопуларните серии се прикажа пред 17 години.

„Конечно, ќе се случи. За помалку од еден месец патувам за Лос Анџелес. Конечно најдовме начин како безбедно да снимаме и добар дел ќе се снима на отворено поради протоколите за заштита“, рече Швимер (54) во радиоинтервју.

Актерот се осврна и на шпекулациите дека епизодата ќе има водител.

„Можам само да ви кажам дека нема да бидат Елен Деџенерис и Били Кристал“, рече тој.