КУЧИЊАТА НА ЏО БАЈДЕН ИСЕЛЕНИ ОД БЕЛАТА КУЌА ПОРАДИ АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Германските овчари на Џо и Џил Бајден се тргнати од Белата куќа откако еден од нив каснал припадник на обезбедувањето. Американските медиуми објавија дека Чемп и Мејџор се вратени во семејниот дом на Бајден во Вилмингтон, Делавер.

Ова следува по информациите за агресивното однесување на Мејџор, кој беше вдомен од идниот американски претседател во 2018. Анонимни извори од Белата куќа кажаа дека тој често скокал и лаел по персоналот.

Чемп и Мејџор се вселија во Белата куќа четири дена откако Бајден положи заклетва за претседател, но првата дама подоцна призна дека тешко се вклопувале во новата средина.

Американските претседатели имаат долга традиција на чување домашни миленици, што беше прекинато од Доналд Трамп.