АКТЕРОТ ЕЛИОТ ПЕЈЏ Е ПРВИОТ ТРАНСРОДОВ МАЖ НА НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА НА „ТАЈМ“

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Елиот Пејџ е првиот трансродов маж кој ќе се појави на насловната страница на магазинот „Тајм“, за кој раскажува за својата одлука да го открие својот вистински родов идентитет минатата година.

Триесет и четиригодишниот канадски актер во декември објави дека е трансродова личност и дека место Елен Пејџ, почнал да се идентификува како Елиот Пејџ.

„Она што го очекував беше многу љубов и поддршка и многу омраза и трансфобија и токму тоа и се случи“, вели Пејџ, кој во 2014 година објави дека е геј.

Пејџ се здоби со меѓународно признание со улогата на бремена тинејџерка во филмот „Џуно“ од 2007 година, за која доби номинација за оскар за најдобра актерка, а моментално е актуелен со хит серијата на „Нетфликс“, „Академијата Амбрела“.

„Од мал сум се чувствувал како момче и доживеав голем триумф кога на девет години ми дозволија да носам кратка коса. Ова е она што го сакав и кон што се стремев долги години. Многу сум горд на Елиот“, вели Пејџ, додавајќи дека направил голема операција што целосно му го трансформирала животот.