Оскаровката Ема Стоун и нејзиниот сопруг Дејв Меккери го добиле првото дете, објавија американските медиуми.
Според сајтот ТМЗ, 32-годишната Стоун се породила уште на 13 март, но засега нема потврда за полот на бебето.
Стоун и сценаристот на ТВ-шоуто „Сабота вечер во живо“ се заедно од 2017, а се венчаа изминатиот септември на приватна церемонија за која не беа објавени никакви детали.