РАСЕЛ КРОУ ЌЕ ГЛУМИ ВО НОВИОТ ФИЛМ ЗА ТОР

Лос Анџелес, (НМЕ)
NEW YORK, NY - JUNE 24: Russell Crowe is seen outside the Build Studio on June 24, 2019 in New York City. (Photo by James Devaney/GC Images)

Австралискиот актер Расел Кроу влегува во светот на „Марвел“ и ќе игра во новиот филм за Тор, насловен „Тор: Љубов и грмотевица“, објави „Дедлајн“.

Филмот се снима во Сиднеј и треба да излезе во мај 2022, а во ѕвездената актерска екипа се и Крис Хемсворт, Теса Томпсон, Натали Портман и Кристијан Бејл, кој е главниот негативец.

Филмот го режира оскаровецот Таика Ваитити и засега не е познато која улога ќе ја игра 56-годишниот Кроу.