Четврта година по ред, Финска е прогласена за најсреќна држава на светот, во извештај направен под покровителство на Обединетите нации и ова не е изненадување ако се знае дека таа, меѓу другото, ги има најдобриот образовен систем на светот и најчистиот воздух.
Според Светскиот извештај за среќата, успехот на Финска се должи на добрите работни услови, почитувањето на владата и високото ниво на заемна доверба, што помага да се заштитат животи во пандемијата на коронавирусот.
Но, според самите Финци, изворот на нивната среќа може да се пронајде и во секојдневните навики. Тие дури имаат програма во шест чекори што го прават еден Финец среќен:
- Потење во сауна
- Прошетка во шума, односно поминување време во природа
- Капење во природа
- Берење бобинки
- Искористете го сонцето до максимум
- Најдете место за длабоко дишење.
Но, над сето ова, клучот за посреќен и поздрав живот е концептот на sisu.
„Ова е термин што не може да се преведе на англиски со еден збор. Тоа е комбинација од посветеност, истрајност, храброст и стоицизам, од која се гради чувството за сопствена вредност. Односно, човек не треба бара одобрување и пофалби од други луѓе, туку одвнатре, од самиот себеси. Таа лична гордост обезбедува поодржлива и подлабока среќа од онаа што доаѓа од надворешна потврда“, вели психологот и терапевт Кајанит Бен-Ари.