СПЕЦИЈАЛНА ПОДМОРНИЦА СЕ СПУШТИ ДО НАЈДЛАБОКИТЕ ОСТАТОЦИ ОД БРОД НА СВЕТОТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Подводно пловило успеа да се спушти до најдлабоките остатоци од еден брод на светот. „Џонстон“ лежи на длабочина од 6,5 километри во Филипинско Море во Тихиот Океан.

Истражувачите поминале неколку часа во испитувањето и снимањето на бродот на американската морнарица, кој бил долг 115 метри кога бил потопен во 1944 година за време на жестока битка со голема флота на јапонски воени бродови. Од екипажот од 327 морнари, само 141 ја преживеал битката.

Остатоците се наоѓаат толку длаболо што малку кислород има таму. Иако малку е контаминиран од морскиот живот, тој е неверојатно добро зачуван, изземајќи ги штетите од жестоката битка. Не видовме остатоци од човечки тела и облека“, изјави Виктор Весково, кој ја водел експедицијата и управувал со пловилото.

Остатоците на „Џонстон“ беа откриени пред две години, но бидејќи лежат многу длабоко, за да се стигне до нив, мораше да се употреби посебно пловило. „ДСВ Лимитинг фактор“ собира двајца луѓе и благодарение на титаниумска облога, може да се спушти до која било длабочина.