За една година, за време на ковид пандемијата, низ цел свет пораснал бројот на лица кои купиле миленик за да ја намалат осаменоста, вели Централната асоцијација на германски зоолошки градини (ЗФФ).
Во Германија, бројот на кучиња, мачиња и други домашни миленичиња се зголемил за речиси еден милион, односно на 35 милиони за 12 месеци. Згора на тоа, сопствениците сѐ повеќе ги разгалуваат своите миленици, што доведе до бум во оваа индустрија, вели Асоцијацијата.
„За многумина, милениците се членови на семејството, за чие здравје сопствениците се спремни да потрошат многу пари“, вели претседателот на Асоцијацијата, Норберт Холтенрих.
Сличен тренд се забележува и во Велика Британија, каде што едно истражување покажало дека 19 отсто од лицата од 25 до 35 години или речиси 2,1 милион си земале милениче за време на карантините.
Во САД, бројката на посвоени кучиња и мачиња се зголемила за 8% од март до септември 2020, додека во засолништата влегле 34% помалку кучиња и 28% помалку мачки.