БРАЗИЛ ГРАДИ ПОВИСОКА СТАТУА НА ИСУС ОД ОНАА ВО РИО

Енсантадо, (Би-Би-Си)

Бразил гради нова грандиозна статуа на Исус Христос, која ќе биде повисока од онаа во Рио де Жанеиро.

Христос Заштитникот во јужниот град Енсантадо ќе биде висока 43 метри заедно со пиедесталот, со што ќе биде трета највисока статуа на Исус во светот. Главата и испружените раце беа додадени на структурата минатата недела, две години по почетокот на изградбата. Идејата за статуата ја предложи локалниот политичар Адроалдо Концати, кој почина во март од ковид-19.

Проектот чини 350.000 долари и треба да биде завршен подоцна оваа година. Во статуата ќе биде вграден лифт, што ќе ги носи посетителите до платформа за набљудување на 40 метри височина.

Повисоки статуи на Исус имаат изградено Индонезија (52,55 метри) и Полска (52,5), додека легендарната Исус Христос Искупителот во Рио има 38 метри.