АРХЕОЛОЗИТЕ ОТКРИЈА ЕГИПЕТСКА ПОМПЕЈА, СКРИЕНА 3.400 ГОДИНИ

Каиро, (Ројтерс)

Египетските археолози објавија дека откриле голем антички град на фараони кој со векови бил непознат, и тоа во близина на некои од најпознатите споменици.

„Градот бил изграден пред 3.400 години за време на владеењето на Аменхотеп Трети, еден од најмоќните фараони“, вели археологот Захи Хавас.

Археолозите почнале со истражувањата во близина на погребен храм близу Луксор во септември и по неколку недели откриле формации од тули од кал во сите правци. Притоа откопале добро сочуван град, кој имал скоро цели ѕидови и простории исполнети со алатки од секојдневниот живот, заедно со прстени, обоени грнчарски садови и статуи.

„Градските улици се опкружени со куќи, а некои од нивните ѕидови се високи и до три метри“, рече Хавас.

„Ова е многу значајно откритие. Ова на некој начин е египетска Помпеја и докажува дека овој дел треба да биде заштитен како археолошки парк“, вели Питер Лаковара, директорот на Фондот за античко египетско наследство и археологија со седиште во САД.