ФИБИ ВОЛЕР-БРИЏ ЌЕ ГЛУМИ ПОКРАЈ ХАРИСОН ФОРД ВО „ИНДИЈАНА ЏОНС 5“

Лос Анџелес, (Вараети)

Актерката и сценаристка Фиби Волер-Бриџ ќе глуми во „Индијана Џонс 5“, соопшти „Лукасфилм“. Ѕвездата на наградуваната ТВ-серија „Флибег“ ќе игра една од главните улоги наспроти Харисон Форд кој се враќа по петти пат во насловната улога. Петтото продолжение сѐ уште нема наслов.

Четирите делови ги режираше оскаровецот Стивен Спилберг, но за петтиот филм е задолжен Џејмс Менголд. Легендарниот композитор Џон Вилијамс повторно ќе работи на музиката.

„Возбуден сум дека почнувам нова авантура, соработувајќи со тим од соништата. Стивен, Харисон, Кети, Френк и Џоен се уметнички херои за мене. Кога на тоа ќе ја додадете Фиби, одлична актерка и креативец, не можам, а да не чувстувам среќен“, изјави режисерот.

Премиерата на филмот првично беше најавена за 10 јули 2020, па поместена за 2021, и последен термин е 29 јули 2022 година.