Шеќерот доведува до побрзо стареење на кожата. Докторката Мерилин Гленвил вели дека храната која што ја конзумираме, а има шеќер влијае на збрчкување на кожата. Според неа, кога конзумираме природни шеќери, како што е овошјето, истовремено внесуваме и влакна, со што помало е влијанието на шеќерот во крвта. Но кога станува збор за рафинирани шеќери, тогаш се појавуваат проблемите.
„Треба да знаеме дека конзумирајќи шеќери внесуваме калории без хранлива вредност. Шеќерите доведуваат до дебелеење, побрзо стареење на кожата и дијабетес. Јадењето рафиниран шеќер во големи количини го зголемува ризикот од срцеви заболувања и рак“, вели докторката Гленвил.
Влијание на здравјето имаат и приридните засладувачи како што се стевијата и ксилитолот. Тие содржат фруктоза, кои влијае врз црниот дроб и може да предизвика други здравствени проблеми, како што е зголемено нивно на холестерол.
„Засладувачите најчесто ги користат за намалување на внесените калории, но испитувањата покажуваат дека тие доведуваат до зголемување на апетитот а со тоа и зголемување на тежината. Кога внесуваме шеќери, телото очекува да прими калории, но бидејќи не добива имаме потреба од повеќе храна за да ги задоволиме нашите енергетски потреби“, вика Гленвил.
Кога купувате стевија советува докторката Гленвил убаво прочитајте ја етиката за да видите дали во неа има и дополнителни состојки, како на пример фруктоза.