ГУГЛ ГИ ОПРЕМИ СВОИТЕ УРЕДИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

„Гугл“ ги надгради своите смартфони Пиксел и останати уреди до таа мера, што тие во иднина би можеле да станат ваш резервен мозок. Новите производи на компанијата се опремени со вештачка интелигенција, што таа ја акумулираше од своите сопствени услуги во изминатите години.

Широката употреба на веб-пребарувачот, мапите, електронската пошта, Хром браузерот и на останатите услуги му обезбедија на „Гугл“ огромно количество податоци, што компанијата потоа ги искористи за да ги усоврши своите софтвер и уреди.
Освен што го вгради сето тоа знаење во серијата смартфони Пиксел, „Гугл“ претстави и нов тип на лаптоп и мала смарткамера, која сама фотографира и снима видеа.

„Гугл“ ја покажа својата посветеност во развивањето на сопствени мобилни телефони, кога вложи една милијарда долари, за да ангажира 2.000 инженери на ХТЦ, специјализирани во оваа област.
„Гугл“, всушност, не измисли ништо ново, но се надева дека употребата на вештачката интелигенција ќе му даде предност во однос на ривалите „Епл“ и „Амазон“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *