Од денеска, дополнително се ублажуваат рестриктивните мерки во земјата, при што се скратува полицискиот час и се продолжува работното време на угостителските објекти.
- Општата забрана за движење од вечерва ќе трае само четири часа: ќе почнува на полноќ и ќе биде на сила до четири часот.
- Рестораните, кафеаните и кафулињата ќе можат да работат до 23:30 часот.
- Се отвораат теретаните и фитнес центрите.
- Дозволено е одржување настани согласно наменските протоколи, односно со 30% капацитет во затворено.
- Во изминатите седум дена, во Македонија се регистрирани 1.237 нови случаи на коронавирус, како и 135 починати.
- Бројот на активни случаи на зараза се намали на 9.955.