Елен Деџенерес ќе го заврши своето ток-шоу следната година, по 19 години во етерот.

„Колку и да беше добро и забавно, веќе не ми е предизвик“, изјави 63-годишната водителка.

Ова следува само неколку месеци откако шоуто се соочи со обвинувања дека е токсично место за работа. Тројца продуценти потоа добија отказ, а Деџенерес ја почна новата сезона со јавно извинување.

Мешавина од комедија, интервјуа и човечки приказни, шоуто почна да се емитува во септември 2003 и долго време беше едно од најпопуларните програми на американските телевизии, но рејтингот му паѓаше во изминатите сезони. Минатиот месец беше емитувана 3.000. епизода на шоуто.