БОНО, ЕЏ И ДИЏЕЈОТ МАРТИН ГАРИКС ЈА СНИМИЈА ХИМНАТА НА ЕВРОПСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО (ВИДЕО)

Нион, (УЕФА)

Боно Вокс и Еџ од „Ју-Ту“ ги здружија силите со светски познатиот диџеј и продуцент Мартин Гарикс за да ја направат официјалната химна на Европското фудбалско првенство, до чиј почеток останува помалку од еден месец.

Ние сме луѓето“ (We Are The People) беше промовирана вчера и нејзин автор е холандскиот диџеј, кој како гости ги покани ирските рок ветерани, чија репрезентација не успеа да се пласира на ЕП.

Креирањето на музиката за еден од најголемите спортски настани на светот заедно со Боно Вокс и Еџ беше неверојатно искуство. Многу сум горд на она што го направивме и возбудени сме што конечно можеме да го споделиме со светот“, кажа Гарикс.

Европското првенство почнува на 11 јуни и првпат ќе се игра низ целиот континент. Два дена подоцна Македонија ќе го има своето деби, против Австрија во Букурешт.