Поп ѕвездата Аријана Гранде објави дека се омажила за својот свршеник Далтон Гомез на мала и интимна церемонија. Дваесет и седумгодишната пејачка и агентот за недвижнини се венчале викендов во нејзиниот дом во Лос Анџелес, во присусгво на помалку од 20 луѓе.
Гранде во декември потврди дека се свршила со две години помладиот Гомез.
„Тие се венчаа. Тоа беше мала и интимна церемонија со помалку од 20 луѓе. Собата беше преполна со љубов и среќа“, изјави претставник на пејачката.
Гранде и Гомез првпат се појавија во јавност како двојка во мај минатата година, во спотот за песната што таа ја сними заедно со Џастин Бибер.
Гранде претходно беше свршена со комичарот Пит Дејвидсон и беше во врска со сега покојниот рапер Мек Милер.