Роверот „Персеверанс“ одбележа 100 Марсовски дена откако слета на Марс, каде што е во потрага по древни, микропски форми на живот и ги истражува геологијата и некогашната клима на планетата. Еден ден на Марс, односно сол, трае 24 часа и 40 минути.
Откако на 18 февруари се спушти во кратерот Језеро, депресија широка 49 километри, роботот на НАСА направи неверојатни фотографии од својата околина, вкупно 75.000 досега. Тој исто така за првпат сними звук на Марс и успеа да произведе кислород од јаглероден диоксид.
Фотографии испрати и малиот хеликоптер „Инџинуити“, кој досега изведе неколку лета над површината на Марс.
Во наредните 687 денови, што е околу една година на Марс, „Персеверанс“ ќе го истражува јужниот дел на кратерот и каде и да оди, ќе прави мапи.