ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ПРВАТА ИЗЛОЖБА НА СВАДБЕНИ ФОТОГРАФИИ ОД ПОПОВ И ДИМИТРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Скопје се одржа првата самостојна изложба на свадбена фотографија, насловена „Декада љубовни приказни“,  на фотографското студио „Сејес“. Со настанот, авторите Ванчо Попов и Златко Димитров одбележаа десет години работа.

Изложбата претставува ретроспектива на нивното творештво, со фотографии направени во Македонија, но и во Рим, Милано и езерото Комо. Авторите велат дека поставката го прикажува нивниот препознатлив стил, насочен кон емоција и уметнички израз, наместо класично документирање на свадбите.

Фото: Студио „Сејес“

Попов вели дека дека нивната цел била да создаваат визуелни приказни со силна естетика и автентичност, а Димитров рече дека довербата со клиентите е клучна во нивната работа.

На настанот присуствуваа гости од фотографската и културната сцена, а беше претставен и тимот на студиото. Со изложбата, авторите го потврдуваат својот придонес во развојот на свадбената фотографија како уметност кај нас.