САРА КЛИМОСКА НА 14 ЈУНИ ВО БЕРЛИН ЌЕ ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА ЕВРОПСКИ АКТЕРСКИ ТАЛЕНТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонската актерка Сара Климоска деновиве е во Берлин, каде што на 14 јуни треба да ја прими наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција. Седумдесет и првото издание на Берлинале се одржа во март, но наградите ќе се доделат во периодот од 9 до 20 јуни.

Климоска е меѓу 10-те актерски таленти во подем во Европа. Ѕвездата на „Врба“ на Милчо Манчевски е номинирана од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а во изборот се и млади таленти од Германија, Франција, Холандија и Шведска.

Наградата ја добива за улогата во дебитантскиот филм на Игор Алексов, „Лена и Владимир“, во продукција на „Минд“, според сценариото на Александар Русјаков.

Oд земјава, оваа награда досега ја добиле Лабина Митевска во 1998, Наташа Петровиќ во 2011 и Благој Веселинов во 2019.