„ДИЗНИ“ ЌЕ СНИМА РИМЕЈК НА „СНЕЖАНА“ СО ЅВЕЗДАТА НА „ПРИКАЗНА ОД ЗАПАДНАТА СТРАНА“

Лос Анџелес, (Индипендент)

„Дизни“ ќе снима римејк на „Снежана и седумте џуџиња“. Насловната улога ќе ја игра 20-годишната Рејчел Зеглер, ѕвездата на новиот филм на Стивен Спилберг „Приказна од западната страна“, кој треба да излезе во декември.

Се очекува снимањето на почне во 2022, во режија на Марк Веб, кој стои зад „Чудесниот Спајдермен“.

„Рејчел има неверојатен талент за пеење. Нејзините сила, интелигенција и оптимизам ќе станат составен дел на повторното откривање на радоста во оваа класична бајка на Дизни“, изјави Веб за „Дедлајн“.

Анимираниот филм снимен според бајката на браќата Грим излезе во 1937 година и беше првиот долгометражен филм на „Дизни“.