Израелската актерка Гал Гадот, која се прослави со улогата на Вондер Вуман, го роди третото дете, повторно женско. Објавувајќи фотографија од своето дополнето семејство на Инстаграм, 36-годишната Гадот откри дека бебето се вика Даниела.
„Не можам да бидам посреќна и поблагодарна (и поуморна). Сите сме многу возбудени што ѝ посакуваме добредојде на Даниела во нашето семејство“, напиша Гадот.
Таа веќе има две ќерки во бракот со Јарон Варсано: деветгодишната Алма и четиригодишната Маја. Кога во март потврди дека е бремена, Гадот не го откри полот на бебето.