Фановите на Џим Морисон денеска се собираат во Париз за да ја одбележат 50-годишнината од неговата смрт.
Фронтменот на „Дорс“ почина на 3 јули 1971 и е закопан на гробиштата Пер-Лашез во источниот дел на градот. Легендарниот американски музичар и поет имаше само 27 години кога почина во Париз, а смртта и тајниот погреб се сѐ уште мета на шпекулации.
Локацијата на гробот не е баш лесна за пронаоѓање, дури ни со помош на Гугл мапс алатката. Семејството намерно ја одбрало оти се плашело од наплив на обожаватели. Но, ниту бариерите не можат да спречат милиони фанови, кои низ децениите доаѓаа да му оддадат почит.
„Тој особено ги сакаше овие гробишта. Често доаѓаше тука на прошетка. Сакаше да биде погребан близу Оскар Вајлд“, вели рок критичарката и обожаватаелка на „Дорс“, Софи Розмонот.