КУД „ИЛИНДЕН“ ОД БИТОЛА ДЕЛ ОД НАЈДОЛГОТО ОРО НА СВЕТОТ

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Културно-уметничкото друштво „Илинден“ беше дел од најдолгото оро заиграно досега низ светот како учесник на Фолклоријадата во Уфа, Русија. На орото имаше 2.700 учесници од 37 држави и припадници на 71 националност.

КУД „Илинден“ е единствен претставник на Македонија на шестата Фолклоријада во Русија

Со овие бројки беа урнати два Гинисови рекорда: во бројот на националности кои играа на орото и во бројот на земји кои учествуваа. Бројот на земји се искачи на 57 откако се приклучија и туристи од други држави кои го следеа фестивалот.

КУД „Илинден“ учествуваше и на дефилето, а вчеравечер се претстави со своја програма на шестата светска Фолклоријада, што се одржува од 4 до 11 јули во Република Башкортостан. Единствен претставник на Македонија е ансамблот од Битола, кој седум децении е чувар на македонската фолклорна традиција.

Ж. ЗДРАВКОВСКА