ВЕЛЕШАНИ 10 МЕСЕЦИ ЧЕКААТ ДА ПРОРАБОТИ ГРАДСКОТО КИНО

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Велешани очекуваат киното, кое првата и единствена проекција ја имаше на 11 октомври лани на свеченото отворање, конечно да почне со прикажување филмови. Откако со работа продолжија кината низ земјава, ваква надеж постои и кај велешани.

„Време е киносалата во ‘Бели мугри’ да почне со проекции. Може и со ревии на филмови произведени во различни држави, кои изминатите недели ги имаше повеќе низ земјава. Но, за жал, ниедна не дојде во Велес“, велат велешани.

На поставеното прашање до локалната власт кога ќе проработи градското кино, чии опрема и простор се во сопственост на Општина Велес, немаше прецизен одговор.

„Интензивно се работи на отпочнување со работа на киното“, кажаа од градската власт.

Целиот проект за обезбедување опрема и прилагодување на салата за кинопроекции ја чинеше локалната власт 76.430 евра. Лани, група млади ентузијасти одржа неколку проекции на филмови на отворено.

П. ПЕЧКОВ