Речиси 5 илјади тони песок беа потребни да се изработи највисокиот замок од песок. Замокот е изработен во Данска, со висина од 21.6 метри.
Според Гинисовата книга на рекорди, данскиот замок е повисок за 3 метри од претходниот замок, изграден во Германија во 2019, кој ја држеше таа позиција.
Структурата на замокот потстетува на пирамида, а на креаторот, Холанѓанецот Вилфред Стијгер, му помагаа 30-те најдобри светски скулптори за песок.
Тој изјави дека сакал замокот да ја претставува моќта со која коронавирусот завладеа низ светот. На врвот на замокот има претстава на вирусот со круна.
„Владее со нашите животи. Ни кажува што да правиме, како да стоиме настрана од семејствата и да не одиме да убави места. Не правете ништо, седете дома“, вели тој.
Се очекува песочната скулптура да опстане до февруари или март.