ПИЈАНО КОНЦЕРТ НА ДУОТО ГАЦЕВА-ЏОРЛЕВА ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Денес во 12 часот во салата „Бели мугри“ на Велешкото културно лето, концерт ќе одржи дуото Ана Гацева и  Татјана Џорлева.

Организаторот, Општина Велес најавува дека ќе се изведе музика за четирирачно пијано од Грид, Сати и Чајковски.

Пијанистката Ана Гацева работи како редовна професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Пијанистката Татјана Џорлева работи како редовна професорка по пијано, камерна музика и методика на наставата по пијано на Факултетот за музичка уметност во Штип.

Влезот на концертот е бесплатен, со почитување на ковид протоколите.

Велешкото културно лето 2021 започна во вторникот навечер, со концерт на балетското студио за модерен танц „Анабела“, кој се одржа во Амфитеатарот во Младинскиот парк.

П. ПЕЧКОВ