КОНЦЕРТ СО РУСКИ РОМАНСИ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20:30 часот во Музеј на македонската борба, на Скопско лето, ќе се одржи концерт „Вечер со руски романси“.

Ќе се изведуваат соло песни од руски автори, а учествуваат: Македонка Петреска – сопран, Ивона Огненовска – мецо-сопран, Елена Васова – сопран, Сара Јанева – мецо – сопран, Марија Ѓеорѓиевска – сопран, Фјола Исеини – сопран, Мариана Бошковска – мецо-сопран, Билјана Камчева – сопран и Давид Миладинов – баритон. Музички соработник и водител е Елена Силјановска. Билетот чини 200 денари.

Вечерва, исто така, ќе се отвори Кафе-киното со проекцијата на српскиот филм „Викенд со тато“ во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката. Влезот е 100 денари. Сценариото и режијата се на Мирослав Момчиловиќ.