ЏИНОВСКАТА ПАНДА ВЕЌЕ НЕ Е ЗАГРОЗЕН ВИД, СООПШТИ КИНА

Пекинг, (Би-Би-Си)

Џиновската панда веќе не се смета за загрозен вид, но овие животни  сѐ уште се ранлива категорија, соопштија кинеските власти.

Новата класификација следи откако нивната бројка во дивината стигна до 1.800.

Експертите велат дека Кина успеала да го зачува своето животно преку долгорочни напори, меѓу кои и проширувањето на живеалиштата. Кина ги смета пандите за национално богатство.

Џиновската панда беше прогласена за ранлив вид уште во 2016 од Меѓународниот сојуз за заштита на природата, но ова е првпат статусот да го промени Кина, која има слични стандарди како Сојузот.